Куса приказна за скршената месечина
02/04/2012
Навидум, тоа беше обична клупа што ги одбројуваше своите последни денови. Под нивните нозе се протегаше нерамниот плочник кој за некој ден ќе се престори во мазен коловоз. На небото, во левиот агол, некој ја беше обесил скршената месечина.
Ќе те сакаат
25/03/2012
Во пренатрупаните, зачадени простории ќе се врткаат околу тебе, ќе ти фрлаат безобразни погледи, додека не им дозволиш да се приближат. Ќе ти говорат за сите убавини, ќе ти ги изнакажат сите зборови некогаш напишани, ќе ти ги испеат сите стихови некогаш извезени, додека не ги прегрнеш.
Дојди
14/01/2012
….по нотите на Рабиндранат Тагоре….
Ти си посебно прекрасна
и прекрасно неподнослива!
А јас сакам да те земам в прегратки -
токму таква каква што си. Дојди!
Ти си посебно прекрасна
и прекрасно неподнослива!
А јас сакам да те земам в прегратки -
токму таква каква што си. Дојди!
Бошко
12/01/2012
Ни сам не знаеше колку пати помисли на таа пештера за која слушаше приказни уште од денот кога започна да ги спознава чудните звуци што големите луѓе ги нарекуваа зборови. Му раскажуваа за змејовите што некогаш живееле во таа огромна дупка, ги грабале сите убави девојки, а потоа бегале низ огромната карпа, сè до другата страна од планината, на некое непознато место што никој не успеал да го пронајде.
